Американската олимпијка, Лоло Џонс, која се натпреваруваше на Летните Олимпијади во атлетика и на Зимските Олимпијади во боб-санкање, призна дека згрешила што јавно кажувала дека ќе чека за секс до брак и дека тоа и го нарушило личниот живот.

37-годишната Џонс при гостувањето кај комичарот Кевин Харт се пожали дека искреноста била „грешка“ и дека поради тоа не можела да најде сопруг.

„Тоа беше грешка. Никој не сакаше да излегува со мене по тоа признание. Немав шанси. Претходно внимавав, кога треба да му кажам, дали сака само секс. Потоа, откако отидов во јавноста немав никакви шанси“, вели Џонс.

Џонс јавно проговори за својот став околу сексот пред брак во 2012 година, велејќи дека тоа е во склад со нејзината христијанска вера. Подоцна, таа се жалеше дека недостатокот на секс им дава предност на другите спортистки бидејќи таа нема начин да се справи со притисокот.

Џонс се натпреваруваше на 100 метри со пречки на ЛОИ во 2008 и 2012 година, пред на ЗОИ во Сочи во 2014 година да учествува во боб-санкање.

 

View this post on Instagram

 

New York fashion week requires me to walk in heels which means I won’t be walking. 🤷🏽‍♀️ styled by @michael.mann

A post shared by Lolo Jones (@lolojones) on

 

View this post on Instagram

 

Offseason VS In season

A post shared by Lolo Jones (@lolojones) on

 

View this post on Instagram

 

Pumpkin spiced latte but iced ⁣ ⁣ ⁣

A post shared by Lolo Jones (@lolojones) on