Top Sport

Ломаченко се врати од нокдаун за да стигне до трета титула (видео)

Украинскиот боксер Васил Ломаченко се врати од нокдаун во шестата рунда, за во десеттата да го нокаутира Венецуелецот Хорхе Линарес и да ја освои ВБА титулата во лесна категорија во Њујорк во саботата.

Со директен удар во шестата рунда, Линарес успеа да го прати Ломаченко на подот, но Украинецот се врати за да ја освои својата трета светска титула во трета тежинска категорија во својот 12. професионален меч во „Медисон сквер гарден“.

„Се опуштив и тој ме казни. Ја искористи својата брзина и упати доста удари, но на крајот го направив тоа што беше потребно“, вели двократниот олимписки шампион Ломаченко.

Линарес го држеше мечот неизвесен во првите рунди, но Ломаченко со својата брзина полека ја преземаше контролата на мечот, пред Линарес да го најде неспремен во шестата рунда. Ломаченко, кој првпат беше во нокдаун во кариерата, се крена без проблеми, пред во осмата рунда да отвори исеченица над окото на противникот. Шампионот не се предаде лесно, но во 10. Рунда, судијата Рики Гонзалез го прекина мечот откако Линарес се најде на подот.


Scroll to Top