Top Sport

Луда храброст, вложил 3.500.000 долари на Баканирс

Тампа Беј Бакаринс ја освоија титула во НФЛ лигата. Баканирс, предводени од Том Брејди, во финалето убедливо со 31:9 ги поразија Канзас сити Чифс.

Покрај сите во Тампа, посебна причина за задоволство има и Џим Мекингвејл, сопственик на салон за мебел во Хјустон.

Мекингвејл е познат во САД, бидејќи на вакви големи спортски настапи, се обложува во големи пари.

Џим, на победата на Тампа Беј Баканирс, вложил 3.460.000 долари, добил 6.180.000 долари.

Баканирс на Џим Мекингвејл му донеле добивка од 2.720.000 долари.

Scroll to Top