Спуст патеката „Штрајф“ во Кицбил е позната како една од најзастрашувачките на светот, и најискусните скијачи признаваат дека е пеколно тешко да се стигне до целта. Макс Штекл реши да тргне со велосипед!
Австрискиот „авантурист“ Штекл, кој е актуелен светски рекордер откако на чилеанските Анди постави брзина до 210 км/ч, овојпат имаше вистински тест на замрзнатата патека.
„Замрзнатата патека носеше поинаков предизвик и јас сум задоволен“, изјави 43-годишниот Штекл, кој постави најдобра брзина од 106 км/ч.
Славниот спуст во Кицбил се оддржува во сабота.