Германската тенисерка со српски корени Андреа Петковиќ, на егзибицијата во Кујонг, ја фрли во транс публиката со својот танц на теренот.
Петковиќ играше против Белинда Бенчиќ од Швајцарија. Го доби првиот сет со 6:3, а во третиот гем од вториот сет паузата помеѓу два поени ја искористи за да крене атмосферата на трибините.
Германката покажа дека знае да игра, а публиката го прифати тоа.
На крајот победата ја однесе Бенчиќ иако го загуби првиот сет, таа вториот го доби со 6:4, а во тај-брејкот беше подобра со 10:4, за победа од 2:1 во сетови.