Top Sport

Луис Ортиз се врати со чуден нокаут за само 46 секунди!

Кубанскиот тешкаш Луис Ортиз повторно се промовираше во кандидат за титулата, откако во саботата за 46 секунди го совлада Американецот Александер Флорес во својот прв меч по поразот од Дионтеј Вајлдер.

41-годишниот Ортиз има само два порази во кариерата, двапат од Вајлдер, но со импресивната победа, над реално многу помалку ценетиот противник, го осигурува третото место на ВБЦ рејтинг листата со што може да стане предизвикувач за ВБЦ титулата на Тајсон Фјури, кој се очекува дека ќе боксува со Агит Кабајел во декември.

Невообичаениот нокаут предизвика многу фанови да се прашуваат со што точно го удри противникот Ортиз, бидејќи ударот со десницата не се гледа најдобро.

Scroll to Top