Top Sport

Мајер најбрз на легендарната патека Штрајф

Австриецот Маријас Мајер победи на шеста спуст трка сезонава во Светскиот куп, која се возеше на легендарната патека Штрајф во Кицбил.

Мајер е првиот Австриец по пауза од шест години кој победил на најпрестижната спуст трка во светот. Тој ја забележа третата победа сезонава, вкупно осма во кариерата.

Двократниот олимписки шампион победи со време 1:55.59 минути. Второто место го поделија сонародникот на Мајер, Винсент Крихмајр и Швајцарецот Беат Фојц. Овие двајца во целта имаа време 1:55.81 минути.

Пласман на четвртото место избори Жоан Клари од Франција пред сонародникот Максенз Мизатон, Норвежанецот Кејтил Јансурд и Германецот Ромед Бауман.

Утре во Кицбил, во рамките на Светскиот куп, ќе се вози трката во слалом.

Scroll to Top