Поранешниот „најстрашен“ боксер на светот, Мајк Тајсон, ќе организира фестивал на марихуаната „Кајнд“ на својот ранч во Калифорнија, каде што од лани има фарма за одгледување на трева.
52-годишниот Тајсон влезе во бизнисот на одгледување на марихуана по легализацијата на дрогата во Калифорнија и сега ветува добра забава на журката на 23 февруари, иако нема да може да се купува марихуана на лице место.
„’Кајнд’ е музички фестивал кој ќе го пофали канабисот како легализиран продукт на местото каде што во пустината се развива канабисот“, се вели во соопштението на Тајсон.
Тајсон во јануари 2018 купи земјиште во близината на Калифорнија Сити, градче од 15.000 жители, каде што има фарма за одгледување на канабис и школа за одгледување.