Поранешниот апсолутен шампион во тешка категорија, Ленокс Луис мораше да го демантира тврдењето на својот поранешен ривал Виталиј Кличко дека неговата мајка не му дозволила ри-меч во 2003 година.
52-годишниот Луис во 2003 година во својот последен меч успешно ја одбрани титулата, откако судијата го прекина мечот по шест рунди поради огромната исеченица над окото на Украинецот, кој водеше кај тројцата судии до тој момент и според многумина ќе станеше шампион ако мечот не завршеше со нокаут.
Околу окото на Кличко беа потребни 50 конци, но сега, 15 години подоцна, градоначалникот на Киев, Кличко вели дека мајката го спречила Луис да се врати во рингот.
„Тоа е навистина смешно. Јас како шампион во тешка категорија, тој доаѓа и бара ри-меч, а мојата мајка вели не. Можеби мисли дека ме искара бидејќи не ја исчистив собата. Тој водеше на поени, но не се знаеше дали ќе победи. Се работи за меч во 12 рунди“, вели Луис.