Top Sport

Мајките играа во 1978 година, нивните синови ќе се соочат во понеделник на Ју-ес опен

Тејлор Фриц против Брендон Холт, на прв поглед меч од првото коло на Ју-ес опен, што кај обичниот тениски фан не привлекува внимание. Веројатно голем број од тениските фанови не слушнале за Холт.

Сепак, има една неверојатна работа која ги поврзува Фриц и Холт, нивните мајки играа една против друга. Тоа беше во 1978 година во Филадефија. Тогаш мајката на Холт, Трејси Остин, двократна шампионка на Ју-ес ја победи Кејти Меј, мајката на Фриц, некогаш 10. во светот.

„Овде доаѓам буквално од бебе“, изјави 24.годишниот Холт.

Неговата мајка Трејси не можела да ги задржи солзите по првиот пласман на нејзиниот син во главниот дел од турнирот.

И двете мајки ќе бидат на трибините и гордо ќе ги бодрат своите момчиња. Сигурно ќе имаат да им споделат и некој совет.

Scroll to Top