Top Sport

Македонија одлучно го започна својот настап на Европското пинг-понг првенство во Чешка

Лука Стојчев и Софија Хасану ги остварија првите победи на Европското пинг понг првенство во Острава, Чешка.

Големо изненадување приреди најпрво Стојчев кој во категоријата младинци поединечно го победи Австриецот Францис Колоџијесчук со резултат од 3:2. Денес во 13:30 часот ќе игра против Дарио Салседо од Шпанија за прво место во Група 7.

Софија Хасану во дуелот со Руби Оливија Елиот од Велс обезбеди сигурна победа од 3:1 и со тоа македонската репрезентација ја забележа втората победа уште на првиот ден од учеството на ЕП во Чешка.

Кога се работи за останатите учесници, Моника Стајковска, категорија кадетки, имаше тежок противник од Франција и го загуби првиот натпревар со резултат од 3 : 0, додека Кристијан Каламадевски, категорија кадети, одигра одлично со Никола Миладиновиќ од Србија, но не успеа да го добие натпреварот.

Натпреварите продолжуваат денеска, па се до 20-ти Јули до кога трае Европското првенство, а Македонија настапува со четири репрезентативци.

Scroll to Top