Top Sport

Македонскиот бадминтон со три медали за почеток на 2018 година

Македонските репрезентативци во бадминтон имаа успешен настап на турнур во Бугарија, со што највија дека 2018 може да биде најуспешната година за македонскиот бадминтон.

На турнирот наречен „ Kassabian Brothers Internacional Tournament 2018“, ко во периодот од 24 до 28 јануари се одржа во Бугарија, Македонија освои три бронзени медали.

На турнирирот учествуваа 140 натпреварувачи од осум земји.

Нашиот тим влезе во мечевите без никаков респект кон далеку подобро рангираните бадминтонисти од другите земји.

Ваквиот пристап кон играта и одличната тактика која ја постави тренерот Марјан Стојановски, на крајот резултираше со влез во полуфинале, тежок меч кој се играше во три сета, а потоа и триумф 2:1над грчката двојка и освоен бронзен медал во најсилната категорија „elite professional“ на Ина Стефановска .

Голем успех постигнаа и јуниорките, кои во категорија „master junior U 17“, тие предводени од Ели Кржалевска и Ива Стефановска се закитија со уште два бронзени медали, а Елена Ристеска и Марија Манчевска го освоија четвртото место.

Scroll to Top