Top Sport

Мани Пакјао кандидат за претседател на Филипини

Легендарниот филипински боксер Мани Пакјао (42) е номиниран за претседателските избори во 2022 година, објави неговиот соработник, сенаторот Аквалино Пиментел.

Пакјао, кој моментно е сенатор, го номинирале сојузниците од неговата ПДП Лабан странка, само неколку дена откако противничкиот табор го кандидираше актуелниот претседател Родриго Дутерте.

Пакјао е првиот боксер кој стана светски шампион во 8 различни боксерски тежински категории, а во кариерата има 62 победи, 7 порази и две нерешени.

Последната титула ја освои во 2019 година во велтер категорија.

Пакјао го носеше знамето на својата земја на отворањето на ОИ во Пекинг во 2008 година иако не настапуваше на Игрите.

Scroll to Top