Top Sport

Манифиса и Естберг со посебни победи во Давос

Морис Манифиса ја пофали атмосферата во Давос, откако во швајцарскиот ски-центар ја оствари својата деветта победа од Светскиот куп во нордиско скијање.

Французинот постави време од 33:56.20 за да ги победи двајцата Руси, Сергеј Устјугов и Александер Болшунов, по што 31-годишниот Манифиса изјави дека публиката го „носела“ до победата.

„Обожавам да скијам тука, и затоа оваа победа е многу посебна. Благодарам до Давос и до сите луѓе што беа во шумата да навиваат“, изјави Манифиса.

Норвежанката Ингвилд Флугстад Естберг исто така изјави дека Давос е нејзиното омилено место за скијање откако победи на 10 километри пред сонародничката Рагнхилд Хага и Финката Криста Пармакоски. Ова е трета победа во швајцарскиот ски-центар за 27-годишната Естберг и прва оваа сезона.

Scroll to Top