Американската скијачка ѕвезда, Џулија Манкусо повторно го одложи кам-бекот и станува неизвесно дали ќе биде подготвена за својата петта Олимпијада во февруари.
Манкусо страда од проблемите со колкот и нема настап од март 2015 година, но планираше да се врати на брзинскиот викенд во Лејк Луис, Канада.
Сепак, 33-годишната ветеранка уште не е подготвена и ќе ги пропушти трките со надеж дека ќе се врати на еден од следните четири брзински трки од Светскиот куп пред Олимпијадата (Сент Мориц, Вал Д’Изер, Бад Клајнкирхајм и Кортина Д’Ампецо).
Во Пјеонгчанг таа може да стане најстарата американска скијачка и прва која настапила на пет Олимпијади. Таа во кариерата има четири олимписки медали.