Top Sport

Мареј го победи Циципас во Штутгарт

Поранешниот најдобар светски играч Енди Мареј се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Штутгарт, откако со 2-0 го совлада петтиот тенисер во светот Стефанос Циципас.

Мареј, првиот носител на овој турнир го победи со 2:0 7/6, 6/3, за еден час и 40 минути. Ова беше прва победа за Мареј над некој од петте најдобри тенисери во светот уште од 2016 година.

Следен противник на Мареј ќе биде Австралиецот Ник Кирјос, на кого Унгарецот Мартон Фучович поради повреда мораше да му предаде при резултат 1-0 во сетови.

Во второто полуфинале Матео Беретини, актуелниот вицешампион на Вимблдон и втор носител на турнирот, ќе игра против домашниот тенисер Оскар Оте.

Турнирот во Штутгарт припаѓа на серијата АТП 250, се игра на тревната подлога, а се одржува од 1949 година. Актуелен шампион е Хрватот Марин Чилиќ, кој во ланското финале беше подобар од Феликс Оже-Алијасим.

Scroll to Top