Некогаш најдбриот светски тенисер Енди Мареј на челинџерот во Мајорка доживеал шокантен пораз од играч кој се наоѓа на 240 место на АТП листата.
Британецот во осмина-финалето загубил од Италијанецот Матео Виола со 2:1 (6/3, 4/6, 6/7). Фактот што Мареј се откажа од „вајлд-карта“ за настап на Ју-Ес опен и реши да игра во Мајорка, покажува дека тој е далеку од вистинската форма.
Во првите два кола тој забележа лесни победи, се очекуваше истото да го направи и против анонимниот Италијанец, меѓутоа се случи спротивното.
Најголем проблем Мареј имал со сервисот, во текот на мечот Виола четири пати направил брејк.