Top Sport

Мареј ќе го нема во Мелбурн, сезоната ќе ја почне во Италија

Поранешниот најдобар светски играч, Енди Мареј новата сезона ќе ја започне на Челинџ тенискиот турнир во италијанска Биела, соопшти денеска Тенискиот сојуз на Италија.

Турнирот во Биела ќе започне на 15. февруари, а наградниот фонд изнесува 132.000 евра.

Мареј поради позитивниот тест на коронавирус мораше да го пропушти натпреварувањето на првиот годинешен грен слем – Австралија опен.

Британецот моментно е 123. на АТП листата, а на тенискиот терен се враќа по двојната операција на колкот

Последен пат Мареј на Челинџ турнир настапуваше во август 2019 година, во Мајорка.

Scroll to Top