Британскиот тенисер Енди Мареј (34) имал пех на тенискиот турнир во Индијан Велс. Тој ја загубил бурмата откако му ги украле патиките на кои, по обичај, е закачен неговиот венчален прстен.
„Ќе ви раскажам кратка приказна, а потребна ми е вашата помош“ рече Мареј на Инстаграм.
Во текот на ноќта ги оставил патиките под автомобилот кој го користи додека е во Калифорнија, а утрината не биле таму. Отпрвин не се сетил дека на нив била закачена бурмата, па отишол да купи друг пар патики.
„Физиотерапевтот ме праша каде ми е бурмата, веднаш си реков `О, не`. Бурмата ми е украдена со патиките и нема потреба да објаснувам дека сум во неволја штом се вратам дома. Морам да ја најдам“ рече Мареј.