Top Sport

Мареј ќе се врати во Мелбурн две години по „пензионирањето“

Петкратниот финалист од Австралија опен, Шкотланѓанецот Енди Мареј ќе се врати на гренд слем турнирот во Мелбурн во 2021, откако доби вајлд-карта за настап, две години откако во солзи во јануари 2019 најави дека ќе се пензионира поради повредата на колкот.

Мареј потоа беше на две операции на колкот, кои му ја спасија кариерата и му дозволија да продолжи да игра тенис. 33-годишниот ветеран загуби во пет сета од Шпанецот Роберто Баутиста Агут во 2019, и сега се враќа на турнирот каде што беше миленик на публиката.

„Му посакуваме добредојде назад на Енди во Мелбурн со отворени раце. Како петкратен финалист, тој одигра многу неверојатни мечеви во Мелбурн и му посакуваме да има успешен турнир“, вели директорот на турнирот, Крег Тајли.

Scroll to Top