Top Sport

Мареј: Ова е килт, не е сукња!

Енди Мареј е горд Шкот, кој за време на референдумот за независност на Шкотска беше критикуван што ги поддржа сепаратистите, иако живее во Англија, но крвта очигледно не е вода.

При една забава со неговите ќерки во самоизолација, Мареј објасни каков проблем имал.

„Кога твоите ќерки ќе сакаат да се преправате, и ти велат: ’тато облечи го твоето здолниште’. Се обидов да им објаснам дека е килт, а не сукња, но тие ме разубедија“, напиша Мареј на Инстаграм.

Scroll to Top