Енди Мареј ја прекина соработката со Иван Лендл по вторпат во кариерата пред стартот на новата тениска сезона во јануари.
„Му благодарам на Иван за целата помош и водството во текот на годините, бидејќи заедно имавме голем успех и научивме многу. Сега ќе се фокусирам на подготовките за Австралија со подготвен тим“, напиша Мареј на својот официјален веб-сајт.
Мареј освои три гренд слем титули и две олимписки злата во двата периоди во кои работеше со Американецот со чешко потекло, и одлуката за разделбата била „заедничка“.
„Му посакувам на Енди многу среќа во иднина. Имавме одлична низа и добро се забавувавме“, вели Лендл.