Top Sport

Мареј преку Алкараз до третата рунда во Индијан Велс

Британецот Енди Мареј го мина второто коло на мастерсот во Индијан Велс. И покрај здравствените проблеми, Мареј, излезе на тернот и го победи Карлос Алкараз. Мареј во наредната рунда ќе игра против Александар Зверев.

Мареј, против талентираниот Шпанец, мина на теренот три часа. „Новиот Надал“ го доби првиот сет со 7:5, потоа Мареј направи пресврт со 6:3, 6:2.

Во наредната рунда Мареј го очекува дуел со Зверев. Германецот со мали проблеми го победи Американецот Бруксби.

Зверев загуби сет, но на крајот победи 6:4, 3:6, 6:1.

Scroll to Top