Top Sport

Мареј признава: Можеби никогаш до старата форма

Британската тениска ѕвезда Енди Мареј признава дека можеби никогаш нема да ја врати формата со која беше број 1 на светот, пред кам-бекот по операцијата на колкот на Бризбејн интернешнл.

30-годишниот Мареј не играше од четврт-финалето на Вимблдон поради маката со колкот, пред да загуби во егзибициски меч во Абу Даби од Роберто Баутиста Агут во еден сет. Тој во второто коло во Бризбејн ќе игра или со Американецот Рајан Херисон или со Аргентинецот Леонардо Маер.

„Сакам само да уживам повторно во тенисот. Тоа ми недостигаше. Не ми е грижа дали ќе бидам топ 30 или на првото место. Сакам само да играм. Мечот во Абу Даби беше важен бидејќи се чувствував подобро како што одеше. Почнав споро, а Роберто е еден од најдобрите на светот, така што ми треба време да се вратам во форма“, изјави Мареј.

Scroll to Top