Британскиот тенисер Енди Мареј најави дека ќе ја смени професијата штом прекине со активниот тенис. Шкотланѓанецот изрази желба да се проба како фудбалски тренер.
Иако Мареј истакнува дека многу го сака голфот, вели дека би пробал и да биде кеди (човекот кој ги носи стаповите на голферот и му дава совети).
„Го сакам спортот и сакам да останам да работам, но во некој друг спорт. Би било интересно да бидам кеди на голф турнирите. Така ќе бидам близу до најдобрите голфери“ – изјави Мареј за „Еуроспорт“.
Тенисерот сепак вели дека фудбалот му е поинтересен.
„Имам своја компанија која работи со млади спортисти. Кога бев млад во кариерата направив многу грешки и мислам дека би можел на другите да им помогнам да не ги прават истите грешки“ – вели тој.