Top Sport

Мареј се намачи, болната Халеп загуби

Енди Мареј прво се намачи, пред кинескиот аутсајдер Жанг Жижен да се повлече поради повреда при 6:3/6:7(3)/4:2 водство на Шкотланѓанецот во првото коло на Шенжен опен.

21-годишниот тенисер од Шангај, Жанг, кој е на 340. место на АТП листата убаво го намачи 31-годишниот Мареј, пред поради грчеви да се повлече откако Мареј направи брејк за 4:2 водство. Мареј, кој самиот е на 311. место на АТП-листата, настапува во Шенжен, каде што ја освои титулата во 2014 година, со вајлд-карта.

Следен за него е светскиот број 11, Белгиецот Давид Гофан.

Во Вухан пак, во аут се светската тенисерка број 1, Симона Халеп и актуелната шампионка Каролине Гарсија. Халеп загуби со високи 6:0/7:5 од поранешната финалистка на Австралија опен, Словачката Доминика Цибулкова, која сега ќе игра со Русинката Дарја Касаткина, која во драматичен меч со 6:1/3:6/7:6(8) ја победи Кинеската Ксиј Ванг.

Гарсија, која беше четврта носителка и лани победи во Вухан и Пекинг, загуби со 3:6/7:6(5)/7:6(4) од Чехинката Катерина Синијакова.

Scroll to Top