Top Sport

Мареј: Во друга ера немаше да бидам толку добар играч, но ќе имав повеќе титули

Енди Мареј искрено говорел за својата кариера и за ерата во која настапува. Според многумина тенисот ја има својата злтана ера, во која настапуваат најдобите во историјата Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

Мареј, кој покрај жестоката конкуренција успеа да биде број 1 на АТП листата и да освои три гренд слем титули, се согласува дека „големата тројка“ има неверојатен период на доминација.

„Секогаш зборувам дека би имал многу повеќе титули, доколку играв во некоја друга ера, но сигурно е дека никогаш не би бил толку добар играч“, рекол Мареј.

Scroll to Top