Top Sport

Мареј: Знам дека нема да се вратам на врвот

Освојувачот на три гренд слем титули, Енди Мареј потврди дека ќе се врати на тенисот по 11 месеци пауза на Квинс Клаб турнирот во Лондон, но признава дека има многу мали очекувања од кам-бекот.

Мареј ќе игра против Ник Кирјос во вторник во првото коло на турнирот, и иако е петкратен шампион на елитниот подготвителен турнир за Вимблдон, признава дека е тешко да се очекува некогаш да се врати на светскиот врв.

„Не знам дали ќе губам од тенисери кои претходно ги победував. Ќе се справувам со таа ситуација кога ќе дојде пред мене. Мислам дека е нормално да сакаш да победуваш, но кога си толку долго од спортот, сфаќаш дека играш тенис бидејќи си го сакал тоа. Не играв тенис да победам на Вимблдон или да бидам број 1, туку бидејќи го сакам. Би сакал да се вратам на врвот и тренирам напорно, но ако тоа не се случи ќе биде океј. Сакам само да играм“, вели Мареј.

Scroll to Top