Top Sport

Марион Бартоли се враќа на тенисот

Поранешната шампионка од Вимблдон, Французинката Марион Бартоли објави дека се враќа на професионалниот тенис.

33-годишната поранешна француска тенисерка број 1 се повлече пред четири и пол години по најдобрата сезона во кариерата во која го освои Вимблдон. Сега, таа планира да биде на терените веќе за Мајами опен во март 2018 година.

„Се обидував да го држам ова тајна подолго време, но сега дојде време да кажам на целиот свет. Која е целта? Да се освои Фед купот, да се игра на Олимписките игри во Токио во 2020 и да се освои уште еден гренд слем“, вели амбициозно Бартоли во интервју за „Евроспорт“.

Scroll to Top