Top Sport

Марк Вилијамс со прва снукер титула од 2011 (видео)

Марк Вилијамс стигна до својата прва титула по шест години, откако во фантстично финале на Северна Ирска опен се врати за 9:8 победа над новата кинеска снукер сензација, 17-годишниот Јан Бингтао.

42-годишниот Велшанец, кој е двократен светски шампион воопшто не знаеше дали ќе игра во финалето, откако неговата сопруга „заглави“ во болница во Кардиф со менингитис. На крајот, Вилијамс реши да игра, и ја имаше можеби најдобрата вечер во кариерата за да го освои првиот трофеј од Германскиот Мастерс во 2011 година и да заработи 70.000 фунти.

Вилијамс губеше цел ден во „Белфаст Ватерфронт“, губејќи со 6:3 на стартот на вечерната сесија, но успеа да остане смирен и да освои шест од последните осум фрејма за исклучителна победа.

Разликата во годините и во искуството на крајот беше клучно – Јан имал само три месеци кога Вилијамс ја освои првата титула во 2000 година. Ова е 19. ранкинг-титула во кариерата на Велшанецот, и прва во Велика Британија од ЛГ купот во Престон во 2003 година. Вилијамс е светски шампион од 2000 и 2003 година.



Scroll to Top