Добро познато тениско име, Кипранецот Маркос Багдатис одлучи да му каже збогум на тенисот по овогодинешниот Вимблдон.
Багдатис за третиот сезонски гренд-слем доби специјална покана од организаторот на турнирот.
Најголемите достигнувања во неговата кариера се финале на Австралија Опен во 2006 година, како и полуфинале на Вимблдон истата година.
Освои 4 турнири, а во брак е со поранешната тенисерка Каролина Шпрем.
„Одлуката не ми беше лесна, бројните повреди ми го уништија телото кое веќе не е способно да игра како што сакам“ рече кипарскиот тенисер.