Кенија остана без златен олимписки медал на трката на 3.000 метри со пречки. Доминацијата на Кенија во оваа дисциплина ја прекина Суфијан Ел Бакали од Мароко.
Мароканецот, кој во Рио де Жанеиро пред пет години го освои четвртото место, со пеколен финиш го обезбеди златото.
Во последните 200 метри неговиот ритам не можеше да го испрати Ламеча Гирма од Етиопија.
Ел Бакали во целта влезе со резултат осум минути, осум секунди и 90 стотинки.
Второпласираниот Грима задовцни за речиси две секунди (8:10.38). Честа на Кенија ја спаси Бенџамин Киген кој го овои третото место (8:11.45).
Ова е трет пат во историјата на ОИ од 1960 година, атлетичар од Кенија да не победи во оваа дисциплина.