Top Sport

Мартинез „златен“ во трискок на СП во Белград

Кубанецот, Ласаро Мартинес е првиот освојувач на златен медал, на Светското првенство во сала. Мундијалот денес започна во Белград.

Мартинес победи во дисциплината трискок. Кубанецот првата титула во сениорската кариера ја освои с скокот од 17 метри и 64 сантиметри. Како јуниор, Мартинес, бил светски првак и светски рекордер во оваа дисциплина.

Сребрениот медал му припадна на Педро Пичаду од Португалија (17 метри и 46 сантиметри), а бронзата ја освои Американецот Доналд Скот (17 метри и 21 сантиметар).

Scroll to Top