Top Sport

Машкиот велеслалом во Зелден откажан поради премногу снег

Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција не стартуваше денеска според планот, откако поради премногу снег не беше можно да се скија велеслаломот во австрискиот Зелден.

Студениот бран донесе 50 сантиметри нов снег на патеката во текот на ноќта, а иако организаторите од два часот наутро работеа на отстранување на снегот, силниот ветер на стартот на патеката нанесуваше нов снег на патеката.

Бидејќи прогнозите велеа дека снегот нема да попушти во текот на утрото, и бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста на скијачите, организаторите решија да го откажат велеслаломот. Следна трка на календарот е слаломот во финскиот Леви во машка и женска конкуренција во средината на ноември.

Scroll to Top