Top Sport

Масовна тепачка на јуниорски боксерски турнир во Ковентри! (видео)

Боксерски турнир на јуниори во Ковентри, Англија, беше откажан откако во саботата имаше масовна тепачка на присутните во која можеше да се забележи дека има луѓе со секири (!) и луѓе кои фрлаат противпожарни апарати.

Полицијата морала да биде повикана да воведе ред по големата тепачка, по што англиската аматерска федерација ги откажа денешните финалиња на турнирот. Четири луѓе завршија во болница со различни повреди, а полицијата потврди дека истрагата трае.

Scroll to Top