Најголемото изненадување на женскиот дел од Мастерсот во Мајами, Даниел Роуз Колинс преку Венус Вилијамс избори пласман во полу-финалето, каде ја чека Летонката Елена Остапенко.
Даниел Роуз Колинс го живее својот сон во Мајами откако стана првата тенисерка штокоја преку квалификациите стигнала до полу-финалето.
Колинс во четврт-финалето ја елиминира постарата од сестрите Вилијамс, Венус, во два сета (6:2, 6:3).
Венус, слично како и во претходните дуели бавно влезе во мечот, додека Колинс играше како во транс. Првиот сет Колинс го доби откако направи два брејка, а а во вториот иако опадна нивото на неијзината игра не и дозволи на Венус да се врати во мечот.
What a moment for Danielle Collins!
She scores her first Top 10 win in style with a 6-2, 6-3 victory under the lights to reach the Miami semis.
Give her some ? for a fabulous performance tonight!
Read More: https://t.co/KXxIODv8kd #USTennis pic.twitter.com/HEak8837em
— USTA (@usta) March 29, 2018
Колинс за пласман во финалето ќе игра против петтата тенисерка на ВТА листата, актуелната шампионка на Ролан Гарос, Елена Остапенко.
Младата Летонка во четврт-финалето успеа со два тај-брејка да го добие мечот против Украинката Елина Свитолина.
.@JelenaOstapenk8 books semi final spot at the @MiamiOpen
Edges Svitolina 7-6 (3), 7-6 (5). pic.twitter.com/6Bfk59UHEQ
— WTA (@WTA) March 28, 2018
Претходно полу-финале на Мастерсот во Мајами обезбедија Слоан Стивенс и Викторија Азаренка.