Top Sport

Мастерсот во Мадрид ќе биде откажан поради корона вирусот

„Распарчениот“ тениски календар во 2020 ќе добие уште еден удар ако се покажат вистинити шпекулациите дека Мастерсот во Мадрид ќе биде откажан поради зголемиот број на позитивни случаи на корона вирус во шпанската престолнина.

АТП-ВТА турнирот требаше да се оддржи во мај пред Ролан Гарос, но беше преселен на 12-20 септември по долгата пауза во професионалниот тенис. Турнирот требаше да биде еден од главните подготвителни турнири за Францускиот опен, исто така презакажан за септември, но организаторите добиле порака од заменикот министер за здравство на Шпанија, Антонио Запатеро да не организираат турнир.

Според шпанскиот весник „АБЦ“, главната одлука ќе ја донесе сопственикот на турнирот, романската тениска легенда, Јан Тиријак.

Scroll to Top