Top Sport

Мазуронак крваво до златото (видео)

Белорусинката Волха Мазуронак стана неочекуван херој на ЕП во Берлин, откако и покрај драматичното крварење од носот и погрешната кривина во финишот, триумфираше на маратонот во германската престолнина.

29-годишната Белорусинка, која беше петта на Олимпијадата во Рио изгледаше удобно на првото место кога по само 30 минути трка нејзиниот нос почна да тече крв. Таа успеа да го исчисти лицето, и полека да се ослободи од ривалките освен од Французинката Клеменс Калвин.

Пред последните стотина метри, Мазуронак направи грешка со погрешно свртување и Калвин успеа да ја стигне. Сепак, во драматичен финиш Мазуронак успеа да стигне до злато со време од 2:26:22.


Scroll to Top