Top Sport

Меч на годината – Дуелот на Ѓоковиќ и Медведев

АТП ги избра најдобрите мечеви кои се одиграа оваа сезона, со напомена дека во оваа категорија не влегле мечевите одиграни на Гренд слем турнирите.

Според АТП, мечот на годината го одиграле Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев на АТП купот. Ѓоковиќ, на почетокот на оваа година, го победи Медведев со 6:1, 5:7, 6:4.

Втор најдобар меч дуелот помеѓу Доминик Тим и Новак Ѓоковиќ на Завршниот мастерс во Лондон. Тим славеше во три сета, додека третото место му припадна на мечот кој го одиграа Диего Шварцман и Денис Шаповалов на Мастерсот во Рим.

Scroll to Top