Top Sport

„Медисон Сквер Гарден“ не сведочел на ваква тепачка

Голем скандал се случи синоќа на настанот на УФЦ настанот во најпозната арена во САД, „Медисон Сквер Гарден“. Жестоко се судрија членовите на тимовите на Ислам Махачев и Дилон Денис, поранешен борец, кој е познат по својата нетолеранција кон Дагестанците уште од култниот меч меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

На видеата што кружат на интернет, Дилон Денис влегува во жестока расправија со тимот на Махачев, а потоа вербалната расправија ескалираше во физичка пресметка.

Неколку членови на тимот на Ислам, вклучувајќи борци како Магомед Зајнуков (Џон Порк), го нападнаа Денис и постојано го удираа во главата.

Прашањето е кој всушност го предизвика инцидентот, бидејќи во близина на октагонот имаше толпа луѓе и не се знаеше кој кого удира.

Полицијата и луѓето од обезбедувањето се обидоа да направат ред, па сликите од насилство добија нова димензија. Целата „пресметка“ траеше речиси пет минути, пред органите на редот да ги исфрлат Денис и членовите на тимот на Ислам Махачев од салата.

По инцидентот, претседателот на организацијата, Дана Вајт, се огласи, велејќи дека ова е последен пат Дилон Денис да присуствува на настан на УФЦ. Ова значи дека темпераментниот борец, кој некогаш беше во тимот на Конор Мекгрегор, веројатно го предизвикал целиот скандал.

Scroll to Top