Top Sport

Медведев до докторот на Ју-ес опен: Дај ми од она што му даде нему

Данил Медведев на публиката на Ју-ес опен и приреди вистинско шоу. Рускиот тенисер се пласираше во осминафиналето со победата над Крис О’Конел со 6:2, 6:2, 6:7 (6), 6:2.

О’Конел намали на 2:1 во сетови, откако по завршувањето на вториот сет побара медицински тајмаут.

Медведев истото го направи откако го загуби сетот. Го повика докторот и побара помош за да го добие четвртиот сет.

Кога докторот го каков проблем има, рускиот тенисер му одговори.

„Да, го загубив сетот, дај од она што му даде нему.“

Оваа реакција наиде на низа одобрувања на социјалните мрежи, а повеќето од нив тврдат дека московјанецот има одлична смисла за хумор.

Медведев во осминафиналето ќе игра против Аргентинецот Себастијан Баез.

Scroll to Top