Најдобрите двајца светски тенисери во моментов денеска со почеток од 15 часот ќе се судрат во финалето на АТП Мастерс тенискиот турнир во Париз. Данил Медведев против Новак Ѓоковиќ во реприза од финалето на САД опен. За нив ова е трет дуел годинава.
Со самиот пласман во финалето, Ѓоковиќ го осигура тоа што е единствениот играч во историјата на овој спорт кој седумпати ја завршил сезоната како првопласиран на АТП листата.
„Сите знаеме кој е Новак и кои се неговите цели. Јас постојам за да ги следам најдобрите, како што се тој, Роџер и Рафа. Секогаш кога сум на терен, дури и при егзибициите, сакам да победам“ вели Данил Медведев.
Во меѓусебните дуели Ѓоковиќ води со 5-4. Годинава Новак беше поуспешен од Медведев на Австралија Опен, додека Русинот треиумфираше во финалето на САД опен против српскиот ас.
„Меѓусебниот скор на ова ниво не е толку битен, освен ако не се работи за 8-0 или 10-0. Оваа година двајцата имаме по една победа. Поразот на АО многу ми помогна да се подготвам за САД опен. Сакам да повторам одредени тактички замисли. Кога ќе победите некои играчи, вашата самодоверба расте, но со Новак, кога него ќе го победите, знајте дека силно ќе посакува да се реваншира“ оцени Медведев.