Светскиот број 1, Данил Медведев, од профилот на „Инстаграм“ го тргнал руското знаме. Медведе се решил на ваков чекор откако АТП донесе одлука тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусја дека ќе можат да се натпреваруваат, но без употреба на државните симболи.
Вчера, на профилот на финалистот на Австралија опен, до описот „професионален тенисер“ стоеше и руското знаме. Сите останати информации за тенисерот останаа непроменети.
Медведев на 28.февруари ја започна првата недела како светски број 1.