Top Sport

Медведев – Хачанов е првото полуфинале на мастерсот во Монтреал

Рускиот тенисер, Данил Медеведев е првиот полуфиналист на АТП тенискиот турнир од серијата 1.000 во канадски Монтреал. Тој во четвртфиналето лесно, со 2-0 (6-3 и 6-1) славеше победа против Австриецот, Доминик Тим.

Противник на Медведев во борбата за финале ќе му биде неговиот сонародник, Карен Хачанов кој предмалку со 2-0 (6-3 6-3) славеше против Германецот, Александер Зверев.

Во борбата за влез во четвртфиналето, на неколку часа ќе започне двобојот меѓу Шпанецот, Рафаел Надал и Италијанецот, Фабио Фоњини. Последната четвртфинална двојка на турнирот во Монтреал ја сочинуваат Монфилс – Баутиста Агут.

Scroll to Top