Top Sport

Медведев: Надморската висина ми помага, се чувствувам убаво во Мадрид

Рускиот тенисер Данил Медведев истакнува дека му одговараат условите за играње на Мастерс тенискиот турнир во Мадрид.

„Мислам дека надморската височина ми помага, терените во Мадрид се многу слични на оние кои се на тврда подлога, затоа што земјата овде е брза, со тоа и сервисите се брзи. Тоа е една од причините поради кои се чувствувам убаво во Мадрид. Мора да видам како ќе се чувствувам во првиот меч, тој дуел е многу важен за мојата самодоверба“ – вели Медведев.

Неговата цел, како што вели, е да оди чекор по чекор.

„Мојата главна цел е да одам чекор по чекор. И овде и во Рим, и на Ролан Гарос. Кога ќе дојдам на турнирот – целта ми е да го освојам, но мора да се оди полека“ смета Русинот кој неодамна прележа Ковид 19.

Сепак, неговиот тренер смета дека засега рускиот ас не е се уште подготвен за триумф на турнир на земјена подлога.

„Данил знае дека може да го освои секој турнир на кој ќе настапи, нема многу спортисти со толку голема самодоверба. Меѓутоа, на земјена подлога тоа се уште не е случај, мора да зајакне на тоа поле и да помине уште некоја етапа“ – вели тренерот Жил Сервар.

Scroll to Top