Top Sport

Медведев по свирежите го газеше теренот: Ако сакате да губам, навивајте за мене!

Откако ги предводеше Русите (официјално Руската тениска федерација) до финалето на Дејвис купот првпат од 2007 по победата над Германија, Данил Медведев влезе во конфликт со навивачите во Мадрид, кои постојано го исвиркуваа, велејќи им дека треба да навиваат за него ако сакаат тој да загуби.

Во денешното финале, Русите ќе играат со шампионите од 2018, Хрватска, кои во петокот ги совладаа Србите. Шампионот од САД опен, Медведев го совлада Јан-Ленард Штруф со 6:4/6:4 во вториот сингл меч, иако постојано се мачеше со течење на крв од носот, по што реши да влезе во конфликт со навивачите. Откако беше исвиркуван, тој гестикулираше кон навивачите пред да покаже на тренот и да почне да го гази. При изјавата тој уште едаш ги провоцираше.

„Тоа што ја победивме Шпанија беше најдобриот момент. Да се победи Шпанија во Мадрид, чувството беше неверојатно. Ви кажувам од 2019 година, ако сакате да загубам, почнете да навивате за мене, не ме свиркајте“, изјави Медведев.

Scroll to Top