Top Sport

Медведев победи го спомна Новак Ѓоковиќ и доби жестоки свирежи

Данил Медведев со епски пресврт успеа да се пласира во полу-финалето на Австралија опен. Светскиот број два губеше со 0:2 во сетови, спаси меч топка во четвртиот сет и по речиси пет часа успеа да го победи Феликс Оже-Алијасм со 3:2.

По мечот, додека даваше интервју на теренот, доби жестоки свирежи од трибините. Публиката му замери што го спомна Новак Ѓоковиќ.

„Феликс сервираше неверојатно добро, и играше сјајно. Не знаев што да правам. Не знам дали ќе во се допадне ова, но во еден момент се запрашав: „Што би направил Новак да е на моето место“, рече Медведев и предизвика негативни реакции од трибините.

„Тој е најголемиот шампион, поради тоа се сетив на него. Но исто и Рафа и Роџер“, рече потоа и малку ја смири публиката во Мелбурн.

Scroll to Top