Флојд Мејведер Јуниор продолжува да го потврдува својот прекар „Мани“ (пари), откако повторно реши да се фотографира со големи купчиња долари.

Иако пред неколку месеци постоеја шпекулации дека елитниот животен стил го донел Мејведер блиску до банкрот, пензионираниот боксер објасни зошто објавува вакви фотографии.

I post pictures like this to motivate my haters to get money.

A post shared by Floyd Mayweather (@floydmayweather) on

„Постирам вакви работи за да ги мотивирам тие кои ме мразат да добијат пари“, пишува Мејведер.

Покрај ова, Мејведер, исто така објави видео на Инстаграм на кое добива масажа додека лета со својот приватен авион.

„Кралски третман, приватна масажа на приватен авион. Сите зборуваат за принцот со едната принцеза, јас сум крал со многу кралици“, додаде 41-годишниот Американец.