Флојд Мејведер Јуниор можеби е пензиониран, но тоа не значи дека веќе го нема во центарот на вниманието.
Овојпат, непоразениот Американец зборуваше за дуелот со УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор, фалејќи се дека тој го „носел“ Ирецот во текот на мечот во август за да го „направи добар за гледање за сите вас“.
„Сите во светот на боксот се обидуваа да протестираат за мечот Мејведер-Мекгрегор, нели? Ќе ви ја кажам целата вистина. Јас го носев Мекгрегор. Го направив мечот да изгледа добро за сите вас“, вели 40-годишниот Мејведер Јуниор.
Пред мечот имаше голема загриженост дека се работи за „медиумски циркус“ и дека на Мекгрегор не му е место во рингот. По мечот, Мекгрегор доби добри оценки за своето деби, иако Мејведер не беше голема опасност до вториот дел од мечот.
Дека Мејведер намерно ги „загубил“ првите рунди од мечот, претходно најави славниот водител на ХБО, Џим Лемпи, кој вели дека тоа било „очигледно“.
„Му дозволи на Конор да цитира три ‘добиени’ рунди, така што целата ММА заедница да има на што да се ‘фати’. Има доволно глупаци таму така што зошто Флојд не би можел да заработи уште 150 милиони долари. Зошто да не? Тоа е местенка“, изјави Лемпи во октомври.