Флојд Мејведер Јуниор има 42 години, но според него најдобрите години се пред него. Посебно ако се смета неговиот спеткакуларен план наскоро да влезе во рингот со тројца големи ривали – Мани Пакјао, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Откако вчера одговори на предизвикот на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов со повик тој да се качи во рингот, боксерот со 50-0 скор откри дека во 2019 планот е да се бори со Хабиб, но и со Конор Мекгрегор, во реванш од дуелот во 2017 година, но прв на распоредот е Мани Паквајо, неговиот најголем боксерски ривал, чудото од Филипините.
Мејведер беше пензиониран во август 2017 кога се врати во рингот за да го победи Мекгрегор во најскапиот боксерски меч во историјата со технички нокаут во 10. рунда, по што изјави дека бидејќи го поминал Роки Марчано со 50-тата победа тој е пензиониран. Меѓутоа, парите менуваат сѐ.
„Уште не е готово. Откако ќе се сдурам со Хабиб, повторно ќе одам на Мекгрегор. Подготвен сум да влезам во рингот и да ја завршам работата, но во исто време и да ги забавувам сите. Со Мекгрегор беше забавно и им дадов на луѓето што сакаат да видат“, вели Мејведер.
Во исто време, Мани Пакјао, кого Мејведер исто така го има победено, закажа дуел со Американецот Адријан Бронер за одбрана на ВБА титулата во велтер категорија на 7 јануари, по што најави дека следен ќе биде Мејведер.